Новинарите денеска пред Апелација ќе го искажат револтот од пресудата за Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија, Новинарскиот синдикат и Иницијативниот одбор денеска пред Апелацискиот суд во Скопје, во 11 часот како што е најавено, ќе го искажат револтот за новата судска одлука за новинарот Томислав Кежаровски.

Апелацијата по одржаната јавна седница за случајот „Ликвидација“ соопшти дека генерално ја потврдува првостепената пресуда, но им се намалуваат казните на неколкумина обвинети меѓу кои и новинарот Кежаровски.

Со ова, новинарот наместо на на четири е осуден на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок.