Новинари од „Утрински весник“: Ни дадоа опција да се намали бројот на вработени или да се затвори весникот

На новинарите и вработените на печатениот дневен весник „Утрински весник“ денеска им биле понудени две опции – да си одат повеќе луѓе од весникот, односно да се намали бројот на вработени, или целосно да се затвори весникот.

Ова неофицијално за Радио МОФ го потврдија новинари кои со години работат во ова печатено гласило на компанијата „Медиа принт Македонија“ (МПМ). Новинарите велат дека се понудени  невозможни опции, бидејќи тврдат и онака има премалку вработени во однос на работата која ја извршуваат, па практично се оставени без избор.

На социјалните мрежи веќе се шири хаштагот #иЈассумУтрински.

Радио МОФ го побара менаџментот на МПМ и се уште чекаме одговор или реакција.