Нови пропусти во екстерното тестирање, имало пробиени тестови!

Дел од тестовите за екстерното тестирање биле пробиени, јавува Телма која објави ваков тест по предметот македонски јазик, за трета година гимназиско образование. Ученици, кои сакале да останат анонимни, потврдиле дека преку социјалните мрежи ги добиле и тестовите по физика, хемија и биологија и тоа за прва и трета година.

Нови пропусти во екстерното тестирање, имало пробиени тестови!

Надлежните институции биле навреме информирани за ова, но не преземале ништо, јавува телевизијата.

Ваквите обвинувања ги отфрлаат од Државниот испитен центар. Дел од директорите на училиштата не сакаа да ги коментираат тврдењата на дел од учениците за пробивање на тестовите, иако оставаат  простор за сомнеж. Им било чудно, како што ни рекоа некои  од нив кои сакаа да останат анонимни, дека средношколците завршиле со решавањето на тестовите по македонски, физика, хемија и билогија за само 15 минути, а особено биле изнадени  кога подеднакво брзо одговориле на прашањата  и учениците со ниски оценки, пренесува Телма.

Денеска со свој став се јави и ЛДП од каде дадоа многу забелешки за проектот, а како најспорна ја наведуваат одлуката  оценките од тестовите да влијаат на средниот успех на ученикот.

Вчера на прес конференција и Младинскиот образовен форум посочи на голем број проблеми кои се јавија при одвивањето на проектот за екстерно тестирање на учениците.

Од МОФ упатија апел до институциите да го прогласат екстерното тестирање оваа учебна година за пробно, но и да направат сериозна анализа на пропустите и ефектите од него, како и да работат на негово подобрување.

ФОТО: Нова Македонија