Нови паркинзи за велосипеди во три средни училишта во Скопје

Novi drzaci za velosipedi SUGS Orce Nikolov (1)Во рамките на проектот „Младите на велосипед” деновиве во неколку скопски средни училишта беа поставени паркинзи за велосипеди. Станува збор за проект со кој во средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин”, „Орце Николов” и „Михајло Пупин” се поставија паркинзи за по 10 велосипеди, информираат од Град Скопје.

Во рамките на проектот, учениците во СУГС “Орце Николов” имаа можност да дискутираат со претставници на Координативното тело за велосипедска инфраструктура на Град Скопје и претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќај и патишта. Целта на дискусијата беше да се подигне свеста на младите велосипедисти и останатите учесници во сообраќајот за нивната безбедност и да се воспостави соработка со соодветни институции и државни тела кои имаат влијание во креирање на законот за безбедност во сообраќајот.

22

На средбата присутните беа информирани за новите и идните велосипедски патеки кои се дел од акциониот план на градот за 2014-2017 година. Проектот „Младите на велосипед” е реализиран од страна на здружението „Гоу Грин”, а финансиски е поддржан од Град Скопје. Овој проект има за цел да поттикне што повеќе млади луѓе да го користат велосипедот како основно превозно средство, да ги подобри условите за велосипедистите како и да ја подобри сообраќајната култура.