Нови изданија на „Стрип Креатор“

Во издание на Стрип центарот на Македонија-Велес излегоа бр 18 и бр 19 од ревијата „Стрип Креатор“, единствено постојано стрип издание во земјата, соопштуваат оттаму.

Нови изданија на „Стрип Креатор“

Издавачот ја сочува традицијата во оваа ревија да се објавуваат подобрите стрипови од странски и домашни автори, учесници на интернационалниот стрип конкурс кој е во рамките на традиционалниот стрип салон (во месец октомври оваа година ќе се одржи 12тиот по ред).

Заедно со добитниците на признанија од последниот интернационален стрип конкурс , рамномерно застапеност добиваат и млади и неафирмирани стрип автори од нашата земја. Талентите како што се: Јована Велинова, Беатрис Петровска, Бојана Милчевска ,Ѓунај Абдулов, Димитриј Михајловски (кој ја презеде одговорноста за цртање и и на стрип албумите за Кочо Рацин и Цар Самоил) , сценаристот Александар Стеванов …се само еден дел од создаденото мноштво на потенцијали насочени кон 9-тата уметност , и доведуваат до позитивна конкуренција помеѓу домашните стип автори.

Финансиската подршка ја овозможи Министерството за култура на Р.Македонија, а изданијата може да се набават во стрип книжарницата „Бункер“.