Нова ТВ серија ги истражува убиствата на Тупак и Ноториус БИГ

Ен-би-си Универзал соопшти дека снима нова ТВ серија за убиствата на Тупак и Ноториус БИГ. Таа се очекува да излезе во ноември, а ќе биде насловена „Неразрешено: Убиствата на Тупак и Ноториус БИГ“. Серијата ќе се фокусира на двете полициски истраги за убиствата на раперите.

Тупак почина шест дена откако во него било пукано во септември 1996 година, а БИГ е убиен во март 1997 година.

Грег Кадинг, поранешен директор на полицискиот оддел на Лос Анџелес, кој работел на двата случаи, е дел од проектот како ко-продуцент и консултант на сценариото.

Кадинг ќе го игра Џош Духамел, додека Брент Секстон, Џејми Мекшајн и Џими Симпсон ќе ги играат детективите Брајан Тиндала, Фред Милер и истражувачот Расел Пул.

Марк Роуз, кој го играше Тупак Шакур во „Straight Outta Compton“ повторно ќе го одигра раперот, а Вејви Џонс ќе го игра БИГ.

Серијата е во режија на Ентони Хемингвеј, а Кајл Лонг е сценарист.

„Неразрешено“ доаѓа откако ќе се објави новиот документарен филм за Тупак, „Сите очи вперени кон мене“, а минатата недела беше соопштено дека негов режисер е Стив Мекквин, режисерот на филмот „12 години роб“.