Нова технологија може прецизно да ги чита чувствата на луѓето преку WiFi мрежата

Тим на истражувачи од Институтот за технологија на Масачусетс (MIT), разви технолошки систем кој може да ги прочита притаените емоции на луѓето, како возбуда, гнев, среќа или тага. Системот „го чита“ човекот со или без негова соработка.

Системот, наречен EQ-Radio, е дело на Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на МИТ. Истражувачите тврдат дека е точен 87 посто од времето. Прецизно ги одредува чувствата на луѓето, преку „влегување“ во вообичаените WiFi сигнали, за да го следи срцевиот ритам на „испитаникот“. За таа намена, не се потребни никакви сензори поставени на човечкото тло.

WiFi мрежата е двострана форма на комуникација, објаснуваат: рутерот пренесува интернет податоци до лаптопот, кој потоа ги испраќа податоците назад до рутерот, и преку тоа, до интернет мрежата. EQ-Radio ја пресметува брзината со која податоците патуваат до својата цел – на пример, човекот, и ги анализира флуктуациите во таа брзина за да го пресмета срцевиот ритам, кој ја оддава емоционалната состојба на човекот.

Изумот би можел да се користи за многу намени, како на пример: многу поточни пресметки и фокус групи за рекламните агенции и филмските студија, паметни домови кои можат да го подесуваат осветлувањето и температурата за да одговараат на расположението на човекот, паметни хотели кои постојано ќе се прилагодуваат во однос на расположението на гостинот, неинвазивна здравствена нега и психијатриски надзор во канцелариите или во домовите, директно советување според расположението на „целта“ и испрашувања.

Сепак, има и голем етички проблем – сечии чувства треба да му припаѓаат само нему, а не да се користат за заработка, пишува Big Think.

„Можно е да се случи правото на приватни чувства да биде новата лична слобода. Останува да видиме дали ќе побараат од нас да го предадеме“, пишува.