Нова струка во делчевската гимназија – келнер со диплома

Во делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ отсега има нова стручна струка за идните средношколци – квалификуван келнер.

Оваа насока на идните келнери ќе им нуди професионализација и конкурентност на пазарот на трудот, вели директорката на гимназијата Билјана Петровска.

Според неа, на овој начин ќе се задржат учениците со послаб успех, кои најчесто своето образование го продолжувале во соседните градови.

Ученикот што ќе се запише на оваа струка добива тригодишно образование. Според Петровска, ова во иднина ќе ги задоволи потребите на градот и неговите угостителски објекти.

Доколку паралелката за келнери се покаже како успешна, училиштето ќе понуди и отворање на други усгостителски насоки. Петровска информира дека ја разгледуваат можноста за воведување и насока-готвач.

Извор: ТВ Стар