Нова песна на Фолтин – „Ела си в кревет“

Битолскиот алтернативен состав Фолтин на својот профил на Soundcloud објави нова песна, која претставува тизер за претстојното ново издание на бендот.

Ела си в кревет“ е динамична, брза нумера во која се чувствува специфичниот стил на Фолтин, но во неа има и одредена нова свежина, која го навестува звукот на новиот албум.