Нова музика на Alavux – албум ограничен на 250 винил копии на Bass Agenda Recordings

Еден од најплодните техно артисти од овие простори, Alavux, има ново издание, негово трето за издавачката куќа Bass Agenda Recordings – албумот со наслов „Octagon“ излезе во ограничен формат од само 250 копии во светот, достапни директно на bassagendarecords.bandcamp.com или на онлајн продавниците на плочи Juno и Decks.de. Албумот содржи седум песни, а сите кои ќе ја купат плочата добиваат и три бонус траки, сите во карактеристичниот хибрид на техно и електро звукот што го негува Alavux. Дистрибуцијата ја врши Minimal Soul Records од Виена.

Alavux e добро познат во овој дел од спектарот на електронската музика, со преку 40 изданија, меѓу другите и на угледни издавачки куќи како Twilight76, TMMR и UKR