Нова апликација овозможува да разговарате на Скајп, „WhatsApp“ и „Slack“

Поради потребата од повеќе профили на различни апликации за комуникација, како Скајп, „WhatsApp“, „Slack“, Вајбер и Месинџер, иноватори создале апликација со која може да се „четува“ на сите други апликации – „All-in-One Messenger“.

Апликацијата е бесплатна и достапна на Хром, а овозможува да се користат сите сервиси за пораки во исто време.

На тој начин, може да се комуницира со контактите и да се следат пораките, без константно да се пребаруваат различните апликации.

Освен претходно споменатите апликации, платформата за пораки функционира и со уште неколку други како „WeChat“, „Steam Chat“, „Telegram“ и други.