Нов Зеланд објави конечна листа со идеи за новото знаме, граѓаните се незадоволни

По примени 10 292 идеи за дизајн на новото знаме, од кои повеќето беа шега, комисијата составена од 12 луѓе го намали изборот на четири идеи.

Финалните предлози содржат симболи важни за Нов Зеланд, како на пример, лист од папрат, соѕвездие и кора, дизајн кој го претставува новиот живот, растот и силата.

Новозеланѓаните ќе можат да гласаат за знамето преку пошта, од самите домови кон крајот на годината. Сепак, постои можност да си го задржат досегашното знаме.

Ова се финалните идеи за дизајн на знамето:

Кратката листа на идеи предизвика измешани реакции на Твитер каде граѓаните се пошегуваа со дизајните.

Дел од претходните идеи за дизајн на новото знаме може да ги погледнете овде.