Нов портал за бесплатен пристап до податоци од државните институции

http://www.otvorenipodatoci.gov.mk/Слободен и бесплатен пристап до податоците од јавен карактер без технички или законски ограничувања, нуди новиот портал на концептот „Отворени податоци“, кој денес беше промовиран во Министерството за информатичко општество и администрација. Податоците од институциите се достапни за сите заинтересирани лица.

Со овој проект се опфатени вкупно 82 податочни сетови од 11 институции: Агенција за катастар на недвижности, Агенција за електронски комуникации, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен инспекторат за труд, Министерство за финансии, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за земјоделство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државен управен инспекторат и Министерство за економија.

На порталот (www.otvorenipodatoci.gov.mk) се ставени сите дата сетови кои институциите ги имаа во електронски формат. Останатите институции, според Законот за пристап до информации од јавен карактер, се обврзани своите податоци да ги направат електронски достапни за сите граѓани. Ова според надлежните ќе им помогне на гра

Според најавите од Министерството, на новaта платформа ќе бидат пренесени 21 институција со 110 податочни сета, односно порталот www.opendata.gov.mk мигрира на www.otvorenipodatoci.gov.mk.