Нов напад на Ердоган врз Твитер

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини Твитер дека избегнува плаќање даноци, со што се обиде да возврати на обвинувањата за корупција кои на таа мрежа се објавени на сметка на негови блиски соработници.

Нов напад на Ердоган врз Твитер

– Твитер, ЈуТјуб и Фејсбук се меѓународни компании кои се направени со цел да направат профит, наведе Ердоган во говор објавен на турската телевизија.

Тој нагласи дека Твитер е „виновен“ бидејќи не плаќа даноци во Турција.

По наредба на Владата во март во Турција беше забранет пристап до Твитер откако противниците на Ердоган на таа социјална мрежа објавија снимки од телефонски разговори со кои се поврзува премиерот на Турција со корупциски скандал.

Уставниот суд на 3 април ја повлече забраната за блокада на Твитер, додека Ердоган смета оти со таква одлука се заштитуваат „меѓународни компании“, а не државата Турција. Ердоган нареди блокада на Твитер пред локалните избори на 30 март.