Ноќен живот, дроги и намалување на штети – дискусија во Јавна соба

На 12 декември, од 18 часот во Јавна соба ќе се одржи панел дискусија на која ќе се разговара за ризиците од рекреативната употреба на дроги при ноќниот живот, како и стратегиите кои се користат во светот за оваа намена, а кои се слабо развиени во Македонија.

Од ХОПС, кои се организатори на настанот, посочуваат дека новите трендови на употреба на легални и илегални дроги, мешањето на различни видови дроги и појавувањето на нови психоактивни супстанции носи ризици. Поради тоа се потребни дополнителни мерки на претпазливост и кај корисниците и кај организаторите на настаните.

„Оваа панел дискусија има за цел презентирање на актуелни трендови, искуства како и потребата, бенефитите и предизвиците при спроведување на стратегии за намалување на штети во рамки на ноќен живот и музички настани, улогата на учесниците на настани, организаторите на настани и организации кои спроведуваат практики за намалување на штети, а се со цел подигање на нивото информираност, едуцираност како и на безбедност на настаните во услови кога се користат дроги. Посебен акцент ќе биде ставен на практични примери од регионот и од Европа“, најавуваат организаторите.