„Ни требаат дрвја“ – предавање на Мохамад Тајеран, кој патува по светот на велосипед и сади дрвја

Во недела (14 февруари), во просториите на Автономниот културно социјален центар -АКСЦ ќе се одржи презентација на Мохамад Тајеран, кој ќе говори за својата животна цел да вози велосипед по светот, да сади дрвја и да поттикнува други луѓе да садат дрвја.

„Мохамад Тајеран е од Иран. Во 2004 година ја дознава својата цел во животот, а тоа е да патува по светот со велосипед. Но не само тоа, тој сади дрвја. Тој вели, додека се спремал да тргне на својот пат, му се родила идејата. Си рекол: „Еј Мохамад, ќе патуваш околу светот на велосипед и секако ќе има многу радост и многу да се научи. Од друга страна немав пари, се надевав дека Бог и универзумот ќе ме помогнат. Знаев дека ова патување ќе биде дар за мене, а што можев јас да направам за возврат? Што требаше да вратам назад за да го ценам овој дар? Како љубител на природата и човек кој научил многу од природата и во однос на нашиот сегашен голем проблем со кој се соочуваме, сфатив дека природата е одговорот, но како можев јас да помогнам? Тоа беше како интуиција која јас ја открив: НАМ НИ ТРЕБААТ ДРВЈА и садење дрвја како почит кон мајката Земја.“, стои во официјалниот Фејсбук настан. 

Презентцијата ќе започне во 20 часот и ќе се одвива на англиски јазик. Повеќе за Тајеран и за неговата иницијатива „Ни требаат дрвја“ се достапни овде.