Неслушнати песни од Jeff Buckley ќе бидат издадени во март идната година

Нов албум составен од досега неслушнати песни на харизматичниот, прерано починат музичар Jeff Buckley, насловен „You and I“ ќе биде издаден на 16 март идната година. Изборот на десет нумери содржи песни снимени во раната фаза на неговата кариера, кои Buckley ги снимил за да им покаже на продуцентите како ќе звучи неговиот деби-албум, „Grace“, кој е негово единствено студиско издание.

Повеќето од песните се кавер-верзии, вклучително „The Boy With The Thorn In His Side“ и „I Know It’s Over” на The Smiths, „Night Flight“ на Led Zeppelin и „Just Like a Woman” на Bob Dylan.

Jeff Buckley се удавил во реката Мисисипи во мај 1997, на 30-годишна возраст. И покрај ограничениот студиски материјал, тој е исклучително влијателен музичар, кој и денеска има голема база на обожаватели ширум светот.