Нема повредени или загинати Македонци од ураганот Ирма

Министерството за надворешни работи соопштува дека досега не се пријавени повредени или загинати граѓани на Македонија во американските држави погодени од ураганот Ирма.

Амбасадата на Македонија во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД.  

Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапија во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот.

 Апелираат на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот се’ уште не е надмината.

 Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.