Неколку луѓе нападнати со нож во финскиот град Турку

Полицијата во Финска затрелала и уапсила маж кој со нож избодел неколку луѓе во градот Турку.

Нападот се случил на еден од градските плоштади, а напаѓачот е ранет во нога.

Полцијата ги предупреди граѓаните да не се движат во центарот.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку едно лице е убиено во нападот.

Инаку, Турку е трет по големина град во Финска, кој се наоѓа 140 километри западно од главниот град Хелсинки.