„Навивај без омраза“ – кампања за стопирање на насилството на спортските натпревари

Со видео-порака од фудбалски работници, иницијативата „Навивај без омраза“ ја заврши кампањата против насилство на спортските натпревари.

10 млади активисти, новинари и студенти, во претходниве пет месеци со повеќе активности работеа на информирање и едуцирање за последиците кои можат да настанат од говорот на омраза кај спортските навивачи, кој е најприсутен на социјалните мрежи.

“Преку новинарските написи кои во меѓувреме ги објавувавме на социјалните мрежи успеавме да бидеме влијателни кај домашните навивачки групи и да ги едуцираме како треба да го разберат говорот на омраза и кои се законските мерки и казни за насилство на спортските натпревари. Ние мислиме дека нашата досегашна работа е успешно спроведена, но говорот на омраза треба во континуитет да се третира и да се спречи, особено на интернет“, објаснува Елион Јашари, вклучен во иницијативата.

Од иницијативата апелираа до фудбалските клубови да организираат почести состаноци со навивачките групи и Фудбалската федерација на Македонија за да се намали омразата и насилството на фудбалските натпревари и едуцирање на навивачите како да се спречи и да се справат со евентуално сценарио на насилство.

„Фудбалската Федерација на Македонија е потребно да продолжи со работата заедно и со други иницијативи и разни проекти на навладините организации, со цел заедничкото влијание да донесе конкретни и евидентни резултати. Институциите, како на пример Министерството за внатрешни работи, играат голема улога и бараме да направи се што е можно за целосно имплементирање на законот за одржување на ред и мир додека трае еден фудбалски натпревар. Иако дека нашата иницијатива завршува, ние ќе продолжиме додека ја исполниме нашата цел“, изјави Адријана Селмани, координаторката на иницијативата.

Од иницијативата потенцираа дека почитувањето на етничката и верската припадност на другите навивачи е една од главните одлики на западноевропските општества.