Научници создадоа сијалици што црпат енергија од нечистотија и вегетација

Селата кои се наоѓаат во прашумите во Перу имаат проблем – голем дел од нив немаат пристап до сигурна електрична мрежа, што му отежнува на населението ноќе да ги осветлува домовите. Домаќинствата се принудени да користат керозински светилки, кои ослободуваат чад штетен по нивното здравје и има ризик да се запалат нивните домови. Поради ова, истражувачите од Универзитетот за инженерство и технологија најдоа решение, а тоа се сијалици кои црпат енергија од нечистотијата и вегетацијата.

Сијалиците работат врз база на бактеријата наречена „geobacters“, која им дава кислород на хранливите материи во почвите произведени од растенијата. Процесот природно произведува електрична струја која научниците успеваат да ја добијат откако ќе постават електроди во почвата. Со префрлање на енергијата во батерија, селаните ќе можат да запалат подвижна ЛЕД сијалица. Во видеото подолу е прикажан процесот.

Универзитетот досега произведе десет такви сијалици за жителите во Nuevo Saposoa, село кое остана без електрична енергија по поплавите во март, кога каблите што го поврзувале населението со главната мрежа биле оштетени. Секоја сијалица е поврзана со дрвена кутија со кутија, од каде се влечат електродите и нечистотијата.