Научници ненамерно открија хемиски процес кој го претвора јаглеродниот диоксид во етанол

Група научници од САД откри начин да го претвори јаглеродниот диоксид, стакленички гас кој ја загрева планетата, во почисто моторно гориво на база на етанол.

Електрохемискиот процес може да се користи во технологија за претворање на ѓубрива во гориво, преку транформирање на емисиите на јаглерод од јаглен и природен гас во етанол, според научниците од Оук Риџ природната лабораторија во Тенеси.

Тимот научници го објави својот труд минатата недела во весникот Chemistry Select.

Процесот кој го открија го претвора јаглеродниот диоксид во етанол, со мала количина на екстремно мали честички на јаглен и бакар.

Адам Рондиноне, главниот автор на студијата и научник во Оук Риџ, вели дека го откриле овој процес ненамерно.

Се трудевме да го проучиме првиот чекор од одредена реакција, кога сфативме дека катализаторот ја предизвика целата реакција самиот“, изјавил Рондиноне.

„Етанолот беше изненадување – екстремно е тешко да се премине од јаглероден диоксид на етанол со еден катализатор“, додава.

Рондиноне и неговите колеги користеле катализатор направен од јаглерод, бакар и водород, а потоа спровеле електролиза. Тоа предизвикало сложена хемиска реакција која предизвикала процес обратен од согорување.

Преку применување на оваа техника на раствор од јаглероден диоксид растопен во вода, научниците произвеле 63-процентен алкохол. Вообичаено, овој вид на електрохемиска реакција би резултирала со комбинација од горива во мали количини, според Оук Риџ.

Истражувачите велат дека планираат да продолжат да ја проучуваат постапката и ќе се обидат да го зголемат севкупното производство на етанол.

Рондиноне вели дека процесот може да се користи за обновливи енергетски системи. Вишокот на електрицитет од ветерниците и соларните електрани може да се „складира“ како етанол, кој ќе може подоцна да се согорува кога ветерот ќе застане или ќе зајде сонцето.