Натпревар за „зелени бизнис идеи“

Филантропија за зелени идеи* е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. *Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците).

АРНО, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Повикот за доставување на зелени идеи е отворен до 15 јуни. Формуларот за аплицирање со Вашиот зелен проект/идеја може да го најдете во делот АПЛИЦИРАЈ СЕГА.

Пред да пристапите кон негово пополнување детално треба да се разгледа делот УПАТСТВО.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Проектот/идејата е во рана фаза на развој
  • Проектот/идејата користи знаење од луѓето во локалната заедница, нивните традиционални вештини и цели кон вработување на луѓе од заедницата, и користи локални.
  • Има детален план или визија за одржливост на животната средина
  • Има план или идеја за постепен развој на бизнисот и економска оправданост
  • Го има проценето локалниот пазар – ги познава конкуретните и компаративните предности
  • Идејата го поддржува процесот на ревитализација на традиционалните локални бизниси и поврзувањето на луѓето со заедницатa
  • Идејата е иновативна и уникатна во споредба со другите бизниси и проекти во заедницата
  • Идејата нема добиено парична поддршка од владините институции на локално и централнo ниво или од меѓународни донаторски агенции, фондации и приватни донатори

Дополнително, се поттикнуваат апликантите да поднесат зелени идеи/проекти кои ќе дадат придонес кон развојот на локалната економија, кои ќе имаат долгорочно општествено влијание и ќе предложат користење на чиста енергија во нивниот предложен процес/технологија на изработка/производтво.

На конкурсот можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании (со годишен обрт не поголем од 10.000 евра).

На конкурсот не можат да учествуваат индивидуалци и/или организации кои се членови на семејствата и/или блиски роднини на вработените во АРНО; индивидуалци или организации кои се дел од националното жири и/или нивни роднини; јавни претпријатија.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА:

Фаза 1) Национално жири составено од експерти од областа на зелена економија, бизнис секторот и граѓанскиот сектор ќе изврши бодување на сите пристигнати зелени бизнис идеи врз основа на горенаведените критериуми.

Фаза 2) Најдобрите десет идеи (согласно бодувањето на  националното жири), ќе бидат повикани да ги презентираат своите идеи на посебно закажан настан во Скопје (27-ми јуни, датумот допoлнително ќе биде потврден!). На овој настан десетте преставници треба да ја презентираат својата идеја пред жирито, кое  ќе избере три национални победници.

Напомена:

  • Задолжително за селектираните десет избрани идеи е присуството на настанот во Скопје, и секако, присуството на „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ (27-29-ти јули, Црна Гора) доколку бидат селектирани како национални победници.
  • Формат и јазик: Презентацијата на идејата на проектот треба да биде во согласност со критериумите дадени во повикот, со приложен детален буџет. Буџетот треба да биде претставен во форма на бизнис план, каде што ќе бидат наведени сите трошоци за кои се бара покривање од страна на Наградата за зелени идеи, како и изворите на ко-финансирање, доколку постојат. Јазикот за претставување на идејата на проектот за десетте селектирани идеи е македонски.

Фаза 3) Тројцата национални победници ќе бидат претставници од Република Македонија на „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ кој ќе се одржи 27-29 јули, 2017 во Црна Гора. Избраните проекти ќе треба да се презентираат од страна на претставниците/ доставувачите на проектите за време на Форумот. Избраните 3 национални претставници од тимот на АРНО ќе добијат насоки и поддршка во однос на подготовката за презентација на нивните идеи на Форумот.

Сите трошоци за учество на избраните претставници на форумот (пат и сместување) ќе бидат покриени од страна на  АРНО и Фондот на Браќата Рокфлер. На Форумот ќе се изберат 3 најдобри проекти  од регионот на Западен Балкан кои ќе добијат по 10.000 УСД за поддршка на имплементацијата на зелената идеја.

За прашања и повеќе информации посетете ја страницата www.arno.org.mk или обратете се на телефонот  070 367 311,  или на e-mail адресата arno.mkd@gmail.com. Исто така, следете не’ на социјалните мрежи, таму се споделуваме тековни објави и новости (нашата фејсбук страница, нашиот твитер профил)

Официјалната веб страница на конкурсот е http://www.philanthropyforgreenideas.org/. Ве охрабруваме да ја посетите и да се запознаете детално со идејата и концептот, како и со минатогодишните конкурси и победниците.

Некои од  зелените идеи на учесниците на натпреварот:

*Прва кооператива на потрошувачи на органска храна- Наша Добра Земја“ која конкурираше со проект за поддршка на мали маргинализирани земјоделци кои произведуваат хемиски нетретирана храна и освои 10 000 долари (2015)

* Соларна сушара за овошје и зеленчук

* 3D принтер кој користи биоразградлива пластика * Мебел од палети и рециклирани предмет

* Подвижна продавничка на соларна енергија

* Употреба на неискористената волна и кожа од овците за креирање на традиционални кожни чанти(јанџик) и разни сувенири

* Засадување на автохтони билки на овошни насади во Источна Македонија

* Воспоставување на Систем на достава на кошници со органски прозводи и храна до домовите низ Скопје

*Отворање на Ботаничка градина во Битола со над 300 видови на растенија и дрва

* ЕКО Центар за масажа, третман со лековита кал и wellness на плажа – Дојрана

* Аквапонија во Македонија -Развивање мало комерцијално аквапонско производство на риба и градинарски култури

* Рециклирање на памучен текстилен отпад и негово трансформирање во корисен производ како изолационен материјал

* Агро туризам во моето село Лубинце

* Зелена училница *Албанска рециклирачка заедница

* Фарма за црви

*Зелена глетка, од замок до замок: промоција на туризам преку велосипедски тури со водичи во регионот на Скадар

* Рециклирање на фармерки: користење на торби за отпадоци  изработени од рециклирани фармерки, кои би ги замениле пластични кеси во трговските центри и супермаркети *Собирање и обработка на употребеното масло од  ресторани.

//