Натпревар за студенти – задачата е да се создаде дигитална платформа за поврзување на македонските стартапи со инвеститори

Crowdsourcing платформата за развој на бизниси Солвео, го објави својот петти натпревар за студенти. Овој пат, нивниот проект е за стартап заедницата во Македонијa, на кој ќе работат со SEEU технолошкиот парк во Тетово.

Предизвикот на овој натпревар е да се креира најпрецизна дата база на македонски стартапи и од неа да се создаде дигитална платформа.

Целта на оваа платформа ќе биде да се поврзат македонските претприемачи со потенцијалните инвеститори.

Натпреварот ќе се одвива во 8 работилници во текот на трите недели почнувајки од 21 април. За време на овој натпревар студентите ќе се вмрежат со голем број на претприемачи, стартапи и инвеститори, а победничкиот тим ке добие награда од 30.000 денари.

Анализирање на пазарот претставува една од позначајните активности во водење на бизнисот, оваа анализа ќе претставува почетна точка во креирање на финалното решение од страна на студентите. Сите заинтересирани студенти кои имаат познавање од  ИТ, Е-бизнис, дизајн, маркетинг, финансии, менаџмент, електроника, програмирање, комуникации, визуелни уметности, вмрежување, инвестиции, претприемништво, истражување можат да аплицираат.

Како што соопштуваат од Солвео, може да учествуваат до 20 студенти. Краен рок за пријавување е 18 април, 2017 година.

Повеќе информации за натпреварот на Solveo.co

Инаку, платформата има за цел да ги спојува визионерските студенти со компаниите. Преку практични работилници им овозможува на студентите да работат на реален проект, а истовремено на компаниите им нуди иновативни решенија за нивните проблеми. Досега се одржани четири слични натпревари за домашни и странски клиенти.