Натпревар за изработка на уникатен додаток за велосипед

Со цел поттикнување на креативноста, дизајнерките на накит Јана Ацеска и Мима Пејоска отвораат повик за дизајн предизвик, игра замисленa со невообичаени ограничувања, правила и материјали да се создаде уникатен додаток за велосипед.

Ги  повикуваат сите заинтересирани апликанти, без ограничување на искуство и образование, да се пријават најдоцна до 8 ноември, преку веб страницата www.designtatamata.com.

Од сите пристигнати апликации ќе се изберат вкупно седум најкреативни лица. Секој од овие седум учесници засебно, ќе добие пакет со материјали, алат како и правила на игра, за да го создаде својот уникатен додаток за велосипед.

Понатаму селектираните учесници, работејќи во свој личен простор, ќе имаат рок од точно десет дена да изнајдат свое решение за пристап на зададената задача, следејќи ги правилата на игра. Во текот на овој работен период, нивниот процес на размислување, експериментирање и избор на соодветен пристап ќе биде менториран од страна на организаторите, Ацевска и Пејоска, а воедно  и документиран на веб страницата ww.designtatamata.com.

На крајот од овaa игра/предизвик, сите дела ќе бидат презентирани во онлајн галеријата, но и на изложба каде и официјално  ќе заврши играта.

Секој од избраните учесници ќе добие паричен надоместок за својата креација како и можност да го продаде делото.