#НаТочак: Во овој град постоиш само ако возиш автомобил!

Велосипедистите од #НаТочак за време на вчерашната #КритичнаМаса, ги положија своите велосипеди на ул. Јордан Мијалков во Скопје, во знак на протест поради градските сообраќајни политики, кои според нив се штетни за безбедноста во сообраќајот.

НаТочак: Во овој град постоиш само ако возиш автомобил!

Тие се револтирани од односот на Град Скопје бидејќи според нив, со реновирањето на улицата Ј.Мијалков и проширувањето во три ленти, градот се погрижил само за удобноста и брзината на автомобилите, заборавајќи ги сите останати учесници во сообраќајот.

НаТочак: Во овој град постоиш само ако возиш автомобил!

„Но каде да движат велосипедисти, пешаци, инвалидски колички, не дадоа одговор. Со тоа Градот јасно ја испрати следната порака:

Во овој град постоиш само ако возиш автомобил! Ако се движиш пеш, НаТочак, со инвалидска количка тогаш не си важен – не постоиш. На градов му е важно само ако правиш бучава, ако го загадуваш и ако си опасност за околината.

Во тој случај ќе ги добиеш најдобрите услови за движење: широки улици, зелени бранови, колку сакаш ленти и целиот град ти е едно огромно бесплатно паркиралиште. Пешаци, велосипедисти… тие се вишок во сообраќајот, кои постојат само да го рушат комфорот на АвтомобилоЦентричното ни мило Скопје“, реагираат велосипедистите.

„На Точак“ е неформална група скопски велосипедисти, оформена првично преку социјални мрежи. Цел на „На Точак“ и на организирањето на Критична маса во Скопје е популаризација на точакот како урбано превозно средство.

Критична маса во Скопје се одржува секоја последна среда во месецот.