„НаТочак“ доби поддршка од ЕВФ против задолжителната велосипедска кацига

Европската велосипедска федерација ја поддржа неформалната велосипедска група „НаТочак“ во борбата против воведувањето на задолжителна кацига (шлем) за сите велосипедисти, соопштуваат од ова неформално велосипедско движење.

„НаТочак“ доби поддршка од ЕВФ против задолжителната велосипедска кацига

– После писмото кое „НаТочак“ го прати до Европската велосипедска федерација барајќи поддршка во случајот со потенцијално воведување на задолжителна кацига (шлем) за сите велосипедисти, добивме брз одговор дека ќе ја добиеме неопходната поддршка за борба против овој закон. На барање на „НаТочак“, ЕВФ напиша писмо за поддршка на нашиот обид да го спречиме донесувањето на оваа законска измена, адресирано до секој министер лично од релевантните министерства: Министерство за транспорт и врски (Миле Јанакиески), Министерство за здравство (Никола Тодоров) и Министерсвто за внатрешни работи (Гордана Јанкулоска), како и до Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, информира НаТочак.

Европската велосипедска федерација ги потенцира некои од најголемите проблеми поврзани со легислативата за задолжителност на велосипедска кацига, а интегралниот текст од писмото кое овие институции го добија од ЕВФ по електронска пошта може да се погледне на следниот линк.