Обновено: Наставнички пленум ќе се сретне со евроамбасадарот Аиво Орав

Претставници на Наставничкиот пленум денеска во 14 часот ќе се сретнат со евроамбасадарот Аиво Орав. На средбата, според најавите,  ќе се зборува за потребата за создавање на Наставничкиот пленум, за образовниот процес, како и за игнорантскиот однос на надлежните кон барањата на наставници.

Средбата ќе се одржи на иницијатива на Пленимот, а на неа ќе присуствуваат наставниците Жаклина Прекиќ, Билјана Димковска, Реџеп Алими, Сузана Тахир и Владо Димовски.

Во 15 часот пак пак, од Наставнички пленум најавувија прес конференција во импровизираниот средношколски камп.