Најмалку 59 убиени лица во напад на полициска академија во Пакистан

Најмалку 59 лица се убиени, а повеќе од 100 се ранети во екстремистички напад во полициска академија на југозападот на Пакистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, пренесува Мета.

Во моментот кога напаѓачите влегле, во академијата имало меѓу 200 и 500 кадети.

На местото на настанот пристигнале и безбедносните сили и полицијата и го обезбедиле местото, но внатре се слушале пукотници.

Терористите влегле од задниот влез и право влегле во спалните на академијата, каде што вообичено престојувале од 200 до 250 полициски кадети.

Американскиот Стејт департмент го осуди овој напад.