Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

2014 беше уште една извонредна година за технолошките иновации, во која видовме нови изуми кои ги пробиваат границите на научната фантастика. Во својот редовен годишен избор, магазинот Time ги издвојува највпечатливите и потенцијално најкорисните иновации до кои дојдоа научниците годинава:

Hendo Hoverboard

Најдобрите пронајдоци во 2014-та во избор на магазинот Time

Лебдечката даска, вид на скејтборд кој лета како „магично килимче“ популаризиран пред 25 години во филмот „Back to the Future“, од неодамна е реалност. Цената изнесува 10.000 американски долари, а досега се нарачани само десетина примероци. Батеријата издржува десетина минути „лет“.

Суперпаметно вселенско летало

Најдобрите пронајдоци во 2014-та во избор на магазинот Time

Откако во тоа не успеаја САД, Русија и Кина, Индија годинава испрати вселенско летало на Марс и беше успешна во првиот обид. Трошоците за оваа историска мисија изнесуваа само 74 милиони долари, што е помалку од буџетот на филмот „Gravity“. Леталото Мангалјан е опремено со само пет инструменти кои се доволни за едноставни задачи на површината на Марс, како мерењето на нивото на метан во атмосферата на „црвената планета“.

Безжична струја

Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

По безжичните телефони и безжичниот интернет, следниот предизвик за научниците е струја без жици и приклучоци. Компанијата WiTricity од Соединетите држави годинава успешно тестираше (заедно со Тојота и Интел) направа која дозволува едноставните електрични апарати да се напојуваат од едно место, без да биде потребно да се користат кабли. Првите луѓе на компанијата велат дека може да се очекува во период од десет години, сите домашин апарати да добиваат струја безжично, од една централна станица за напојување.

3Д печатење на се и сешто

Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

Машина што може да изработи секакви предмети, Ова можеби звучи како научно-фантастична утопија, но благодарејќи на развојот на тридимензионалните принтери, брзо станува реалност. Само оваа година, напредокот е фасцинантен – од средношколци кои испечатија помагала за часовите по физика, до медицинските научници кои создадоа отпечаток на ткива од човечки органи. На сликата погоре се бонбони изработени со 3Д принтер, дело на компанијата 3D Systems, која претходно успеа да отпечати и музички инструменти.

BMW i3 – моќен електричен автомобил

Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

Во повеќето случаи досега, електричните коли беа или премногу бавни и тешки за полнење и одржување или енормно скапи. Германскиот производител BMW го смени ова годинава, со својот модел i3. Овој автомобил може да се вози од 113 до 177 километри со едно полнење од три часа, содржи резервен мотор на бензин, кој ги полни батериите, а чини релативно малку – околу 33.000 евра.

Супербанани

Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

Во супсахарска Африка, дури до 30 проценти од децата под пет години се под ризик да ослепат поради недостаток на витаминот А. По идеја на австралискиот биогенетичар James Dale, а со поддршка на фондацијата на Bill и Melinda Gates, неговиот тим разви посебен вид банани кои се збогатени со витамин А. Тестовите на луѓе почнаа изминативе месеци во САД, а според планот, на водачите на африканските села ќе им бидат поделени по десет дрвја од новите „супербанани“, но тие за возврат ќе мораат да поделат по 20 садници на своите соселани.

Hemopurifier – филтер за борба против вирусот ебола

Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

Брзината на размножување е една од главните причини за смтоносноста на вирусот ебола, кој е одговорен за најголемата светска епидемија што одзеде илјадници животи. Овој филтер, развиен од компанијата Aethlon Medical, се врзува за машина за дијализа и ја намалува концентрацијата на вирусот во крвта, помагајќи му на имунолошкиот систем да ја победи болест. Досега е искористен само еднаш, на пациент во Германија, кој успешно се излечил. Во иднината, се разгледува употреба на Hemopurifier и кај заболени од хепатитис.

„Сина соба“ за затвореници

Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

По 23 часа дневно, 200-те затвореници во еден затвор во американската држава Орегон биле затворени во мали ќелии со бели ѕидови. Ова искуство, според истражувачите, може да ги зголеми менталните проблемим и да доведе до поголем ризик за самоубиства и насилно однесување кај затворениците. Затоа, управата на затворот од минатата година експериментално го вовела системот на „сини соби“, во кои проектор емитува сцени од пустини, водопади и други пејзажи од природата. Сцените се прилагодени така што им даваат чувство на смирување на затворениците, а резултатите се толку добри, што чуварите сега ги користат овие посебни ќелии како начин да го спречат лошото однесување на затворениците.

Амбалажа што се јаде

Најдобрите пронајдоци во 2014-та, во избор на магазинот Time

Основачот на компанијата WikiFoods, David Edwards, годинава ги претстави првите производи спакувани во амбалажа што се јаде. Тоа се „држачи“ на сладолед, јогурт и друго, изработени од сушено овошје и други материјали, со додаден шеќер и калциум, кои ја задржуваат формата во сите услови (вода, ниски и високи температури). Иако Wikipearls, првите вакви производи се продаваат во биоразградливи кеси, Edwards вели дека целта му е да ги продава „а ла карт“, како јаболка или кикиритки, во обид да се намали загадувањето со амбалажа во светот.

Погледнете ја целата листа на најдобри пронајдоци годинава на магазинот Time.