Најдено и оперирано е кучето на кое деца му ставиле петарда во уста

Насилството врз животните е индикатор за девијантно и болно општество. Ова е кутре кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата.

По два дена барање по кучето чија уста беше разнесена од петарда која му ја ставиле деца во скопска Автокоманда, здружението за заштита на животните „Анима мунди“, соопшто дека е пронајдено и оперирано.

„Насилството врз животните е индикатор за девијантно и болно општество. Ова е кутре кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата. Македонија има итна потреба од Полиција за животни или Служба за превенција/евиденција /санкција на насилството на кое животните се изложени на секој чекор. Вакви ѕверства се толерираат во Република Македонија. Секој друг коментар е излишен“, велат од Анима мунди.