Најави за протести и жив штит против улицата на кејот на Вардар

По информациите дека дел од кејот на Вардар ќе биде пренаменет во улица за сообраќај, граѓаните кои на нож да дочекаа ваквата одлука најавија низа протести за спас на кејот.

Од фејсбук групата „Да го спасиме шеталиштето на кејот на Скопје“, во која за два дена се придружија повеќе од 3 500 граѓани, најавуваат дека со „жив штит“ ќе го бранат кејот на Варадар.

Па дали се овие нормални?Улица помеѓу терасите на кејот?Срамота за Коце! Со жив штит ќе го браниме нашето шеталиште“, порачуваат од групата.

Тие појаснуваат дека оваа иницијатива е непартиска и има единствена цел да се зачува најубавото корзото на градот Скопје.

„Шеталиштето на повеќе генерации на Скопјани е во опасност од уништување! Да кажеме Не на бизнис интересите на малкумина и да го спасиме нашиот градски кеј!“, порачуваат од иницијативата.

Според Град Скопје, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот, и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар во декември 2012-та година. Проектот го има изработено “Чакар & Партнерс” верификуван од општина Центар лани, а основниот проектот за изградба на улицата, a за атмосферска канализација е верификуван во мај годинава. Пристапната улица ќе се протега од улицата „Филип II“ до зградата на Телеком на плоштад.