Наградуван режисер ограби продавница за да покаже дека „пиратеријата е погрешна“

Иритиран од тоа што вработените на продавница илегално преземале и споделувале еден од неговите филмови, режисерот Кејси Теборешил да им покаже дека нелегалното преземање на нечие авторско дело е погрешно.

Режисерот, кој има добиено Еми награда за својот документарец Dream On: The Stories of Boston’s Strongest, собрал 500 илјади долари од блиски пријатели и познаници за да режира хорор филм наречен Happy Birthday. Но, се испоставило дека не сите кои го гледале филмот, платиле за него.

Според Тебо, вработен на се уште непозната продавница, презел торент за неговиот најнов филм и донел копија за сите на работата да можат да го изгледаат.

Решен да покаже дека пиратирањето е еднакво на кражба, режисерот решил да оди во продавницата и да се сними себеси како краде производи во вредност од 30 долари без да плати за нив.

https://www.youtube.com/watch?v=oIbugJvrYTI

Тебо бил пресретнат од вработен, кој му се спротивставил веднаш откако се обидел да излезе од продавницата.

На снимката, може да се види дека продавачот му вели дека мора да ги плати работите кои ги украл, или ќе викне полиција.

Тогаш режисеротја искористил истата реторика за неговата состојба.

„Човекот кој работи во вашата продавница сака да презема филмови и да ги копира за сите кои работат овде. Имате луѓе во оваа продавница кои крадат од мојата индустрија, па зошто не можам јас да крадам од вас“, прашува тој.

Тебо тврди дека на крај ги вратил украдените производи, бидејќи целта била да се пренесе пораката.