Наградниот фонд за „Дота 2“ турнирот помина 5 милиони долари

Наградниот фонд за интернационалниот турнир „Дота 2“ за 2015 година веќе помина повеќе од пет милиони долари, потврдуваат од Valve. Засега нема знаци на стопирање на собирањето средства, со оглед на тоа што се повеќе фанови купуваат дигитални колекции за претстојниот настан.

„Дота 2“ е првиот глобален настан каде десетина милиони играчи уживаат во ова гејмерско искуство на Valve. Не е тајна дека иако оваа игра е бесплатна за играње, Valve прави огромен профит продавајќи козметички предмети и други потребни работи за играта.

По соборениот рекорд и надминувањето на сите очекувања за претходната година, кога заедницата го покачи наградниот фонд за интернационалниот турнир на „Дота 2“ на највисоко ниви во историјата на eSportsa, оваа година најверојатно повторно ќе се рушат рекорди.

После една недела од почетокот на продажбата на дигиталните компендиуми за претстојниот настан од Valve соопштија дека во наградниот фонд веќе се собрале 5.2 милиони долари, јавува Б 92.