Награда за гевгелиските гимназијалци на поетски фестивал во Италија

Учениците Сара Цицмиловиќ и Атанас Атанасов од СОУ ,,Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на светскиот поетски празник во Трст, Италија, со збирката песни „Градина на мојата душа“ добија почесно признание во категоријата училишни проекти за ученици до 16 години.

Наградените проекти се избрани во конкуренција на 2.000 пристигнати дела. Средношколците работеа под менторство на професорката Жаклина Атанасова и проект координаторот Александра Митровска.


Општина Гевгелија го овозможи патувањето во Италија на наградениот тим чија што збирка песни веќе е отпечатена на македонски,англиски,италијански и шпански јазик.