Над 7 илјади посетители на првата вечер од Green Beach Festival во Охрид

Под полна месечина на брегот на Охридското езеро, возбудлива атмосфера и над 7000 посетители, се одржа првата вечер од годинашното шесто издание на Green Beach Festival со настапот на диџејот Fedde le Grand.

Откако домашните диџеи, Боби, Ајсберг и Лефанк го подготвија теренот, Fedde le Grand ја презеде сцената и ја пламна публиката на плажа Парк.

По повеќечасовниот еуфоричен настап на еден од најпознатите диџеи од Холандија, забавата продолжи до раните утрински часови со диџеј сетот на Никифор.

Вечерва пак, на вториот ден од фестивалот, за првпат ќе настапат Кирил Џајковски, ТК Вондер и ЕмСи Васп.

Организаторите соопштуваат дека сите оние кои беа дел од вчерашната журка, со билетот за Fedde le Grand бесплатно ќе можат да влезат на вториот фестивалски ден.