#НаЧас: Средношколско организирање – демократија или автократија?

Колку се слуша гласот на средношколците во училиштата? Имаат ли влијание во начинот на кој се одвива нивното образование и дали се консултирани во одлучувањето? Дали некој ги зема во предвид нивните потреби? Ова се дел од прашањата за кои разговараме во петтата емисија #НаЧас, утре (23 ноември) од 13 часот.

На темата „Средношколско организирање – демократија или автократија?“ гости во студиото на Радио МОФ ќе бидат средношколците Вероника Станоевска и Горазд Орданоски, како и Мартина Илиевска од Младинскиот образовен форум.

Дискусиите „На час“ – за подобро образование се емитуваат секој четврток, во 13 часот. Притоа ќе се стримаат во живо, со аудио пренос на Радио МОФ и видео пренос на нашата Фејсбук страница. За сите прашања, коментари и забелешки на Твитер активен е и хаштагот #НаЧас.

Периодот кој следи наговестува дека ќе се случуваат многу значајни промени во образованието, а со цел да се добие видливост и отвори дебата на предложените политики го започнуваме овој тематски серијал посветен на образованието. Радио МОФ е младински медиум кој ги има како главен фокус: студентските и средношколските права, студентскиот стандард и создавањето на политики во образованието. Токму затоа, опширното, сликовито и сеопфатно информирање на јавноста за теми поврзани со образованието и животот на учениците и студентите го сметаме за еден од приоритетите.

Серијалот „На час“ е финансиран и се спроведува во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.