На Точак: Град Скопје да постави нови столпчиња пред МОН во најбрз можен рок

„Уништувањето на урбана опрема е казниво. Уништувањето на сообраќајни елементи е исто така казниво. Паркирањето на пешачки површини е исто така казниво… Исклучувањето од ваков булевар на недозволено место е исто така казниво“, потсетува граѓанската иницијатива НаТочак.

Тие реагираат на фотографијата на Радио МОФ од искорнатите столпчиња пред Министерството за образование и наука, кои беа поставени со цел да спречат паркирање и узурпирање на просторот пред институцијата.

„Апелираме надлежните инсититуции (Министерство за внатрешни работи) да постапат според надлежностите и да ги најдат прекршителите на погорните правила. Има повеќе основи за казнување.Очекуваме од Град Скопје да постави нови столпчиња во најбрз можен рок“, стои во нивната реакција.

Инаку, не е првпат граѓани да реагираат за недостиг на столпчиња на тротоарите. Токму за овој простор, граѓани на социјалните мрежи споделуваа фотографии од автомобили наредени долж тротоарот пред зградите на Министерството за информатично општество и администрација и Министерството за образование и наука. По бурните реакции, институциите ветуваа дека проблемот ќе се реши.

„Со попуштање овде, попуштање онде не може да се реализираат големи визии! А нели сакаме поинакво Скопје, пријателско за пешаци и велосипеди?“, велат од иницијативата.