На „Школка“ во Градски парк денеска се одржуваат Македонските алтернативни награди

„Ни дожд, ни бутур. Само сонце и награди, а плус нели сме андреграунд екипа, не сме од шеќер“, соопштија од Бла Бла телевизија која денеска на Школка во скопскиот Градски парк ги организира Македонските алтернативни награди.

„По трети пат заедно ќе ја славиме македонската музика и култура со награди за најзаслужните чинители на македонската култура и уметност проследени со настапи од многу македонски бендови и артисти : Јаков Дренковски и Бендот, ПМГ Колектив, СМАТ, Проџект Орфеус, Д Блек енд Вајз Сошл Клаб, Подземан Ефект, Кртот, Видо, Сиги, Алфа, Стил Темпл, Гаро Тавитијан како и видео-диџеј дуелот помеѓу диџеј Гоце САФ и диџеј Славе“, соопштуваат организаторите на настанот.

Инаку, и оваа година ќе бидат доделениглавната награда за особен придонес и развој на македонската музика и сцена, каде меѓу наградените се : Влатко Стефановски, Гарабет Тавитијан, Група Зеро, Мирко Попов, Бошко Симоновски – Дом на млади Штип, Крос Роуд Блуз Бенд, Петар Георгиевски -Камиказа, Евгение Каревски- ГЕНИ, Уличен Ритам, Роберт Богоевски – Коска…

„Ве очекуваме во голем број за заедно да ја прославуваме македонската музика, култура и уметност на едно место и со една мисла македонската сцена да ја издигнеме на повисоко ниво, така како што заслужува. Ова трето издание на првата и единствена наградна цермонија на македонската алтернативна сцена – МАН (Македонски алтернативни награди), всушност е почеток на стварање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат…“, повикаа од Бла бла телевизија.