На 30 мај ново продолжение на стрипот „Фацизам“

Четвртото продолжение на култниот стрип „Фацизам“ од авторите Антонио Арангеловиќ (Tonyo San) и Антонио Алексовски (King Fizze), на 30 мај ќе биде промовирано во фоајето на „Фросина“.

Се работи стрип кој прв пат излезе во декември 2010 година, кога Tonyo San и King Fizze претставија илустративно дело резултат на нивната долгогодишна посветеност, предаденост и живеење низ оваа универзално позната деветта уметност. Одговорен е за изработка на насловните страници на стрипот e Менсур Бојда.

„Фацизам“ е спојка од повеќе филмски поджанрови како криминалниот ноар, јакуза, трилер, блекс-сплотејшн… ’Фацизам‘ ги содржи сите оние нешта со кои секојдневно се среќаваме и уживаме во нив, од музика, стрипови, цртани, па се’ до рап омоти. Се работи за еден класичен постмодернизам. Зборот фацизам не постои, не е некоја посебна наука, но насекаде врие од луѓе кои сами по себе се ’фаци‘. Не мора да значи ако некој е фаца, дека треба да изгледа убаво. Напротив, може и да е грд, но неговата појава да е воочлива, силна, доминантна. Тоа е ’фацизам‘ и нашата интенција е да прикажуваме ликови кои се антихерои“, беше еден од коментарите на Антонио Алексовски кога љубитетели на стриповите се запознаа со нивното дело.