МВР: Домашен притвор за двајца демонстранти, еден приведен синоќа

Двајца од демонстрантите уапсени во протестот пред два дена се ставени во домашен притвор, во траење од по осум дена, соопшти МВР. Оттаму  информираат дека е поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство во Скопје против Н.А. (30) и Ф.Н. (30) од Скопје, бидејќи за време на потестот „учествувале во толпа при што фрлале тврди предмети, го кршеле инвентарот и извршиле други оштетување на надворешноста и внатрешниот дел на објектот на народната канцеларија на Претседателот на РМ“.

Во соопштението се додава и дека двете лица влегла во Народната канцеларија во која бил оштетен и изнесен инвентарот на улицата, а зеедно со уште едно лице, засега непознато за МВР, учествувале во неговото палење. Од уапсените 13 лица во протестот на 13 април, против останатите 11 се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка.

Во синоќешните протести приведен е еден демонстрант, потврдија од МВР. Оттаму известуваат и за пет повредени полицајци. Протестот кој започна пред Собрание, па продолжи пред партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а заврши пред Влада, помина тензично, под силното полициско обезбедување и присуството на водени топови и оклопни возила.

Демонстрантите најавуваат дека протестите ќе продолжат и денес, во 18:00 часот.