Музичкиот маратон „Од Вардар до Триглав“ на 30 октомври во МКЦ

Музичкиот маратон „Од Вардар до Триглав“ на 30 октомври во МКЦ

На 30 октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржи музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“. Настанот е во организација на словенечките организации Кино Шишка, Moonlee Records и Катаман во соработка со МКЦ Скопје, а е подржан од Општина Љубљана и Министерство за култура на Република Словенија.

Музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“ предвидува есенска турнеја на три музички групи од три различни града и држави. Тројката: ТИ, Trus! и The John ќе настапат на 23.10 во Кино Шишка / Љубљана, 29.10 КЦ Град / Белград и 30.10 во МКЦ / Скопје, со тоа што програмата во Скопје ќе ја збогатат и The Noise Figures од Грција. Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 200 денари на билетарата на МКЦ.

Извор