Музички фестивал „Balkon Riot Vol.2“ на 19 јуни во Кула

Панк бендови од Балканот по вторпат ќе настапат како дел од македонското издание на музичкиот фестивал „Balkan Riot“.

По фестивалот одржан во Белград, македонските организатори најавија и проекција на филмот „Land and freedom“ кој зборува за Шпанската револуција.

На настанот ќе има храна зготвена од движењето „Храна, а не оружје“ кое постои веќе четири години, а функционира преку донации.

Според програмата, оваа година ќе настапат групите „Кактус“, „Disease“ и „New Police State“, а влезот ќе се плаќа со донации.