Музеј посветен на Принс ќе се отвори во октомври во Минесота

Пејсли парк, приватниот имот и музички комплекс на Принс во Минесота ќе се претвори во музеј, почнувајќи од 6 октомври.

Изложбата која е поставена во домот на музичката икона ќе биде прикажана во 12 соби на првиот кат. Просториите се стратешки распоредени за да ја раскажат приказната за Принс. Комеморативниот музеј го проектираше Принс, што го прави возбудлива инсталација и увид во неговиот живот.

Музичарот остави детални насоки за тоа како сака да биде се поставено, вклучително и строго осмислена временска линија на неговата кариера.

Иако целиот прв кат ќе биде отворен за јавноста, посетителите нема да можат да влезат во личниот животен простор на Принс. Славниот сеф кој чува голем број необјавени уметности на овој визионер, исто така, ќе остане приватен, но беше ветено дека необјавениот материјал ќе биде откриен во 2017 година.

Тимот на Принс изјави дека процесот бил долг и напорен.

„Се уште работиме на инвентарот. Мораме да пристапиме на ова со љубов, внимание и висок морален компас“, изјави Сузан Роџерс.

Покрај ова, наскоро се очекува да бидат отворени и студиото и ноќниот клуб на Принс.