MTV стартува канал на кој ќе се емитуваат емисии и музика од 90-тите

MTV ќе ја ребрендира VH1 Classic во MTV Classic, канал на кој ќе се емитуваат најголемите хитови и оригинални емисии на телевизијата од 90-тите и почетокот на 21-виот век.

Каналот ќе почне да емитува програма од 1 август. Со тоа ќе се одбележи и 35-тата годишнина од првиот ден кога MTV била во етер, 1 август 1981 година. Првиот час на MTV Classics ќе биде реплика на првиот час воопшто во историјата на MTV, а ќе може да се гледа на Фејсбук страната на телевизијата, пренесува NME.

Според компанијата, MTV Classic се фокусира на „еклектичен микс на серијали и музика кој е омилен на обожавателите, извлечен од нејзината богата историја, со особен фокус на 90-тите и почетокот на 2000-тите“.