МТСП ги потсетува градинките дека е забрането политичко и верско агитирање

Министерството за труд и социјална политика испрати Допис до Јавните установи за деца-детски градинки во кој ги потсетува на одредбата од Законот за заштита на децата (член 12, став (4) ) со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна.

Од Министерството потсетуваат дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, согласно со член 228, став (1, алинеја еден од Законот), ова е прекшок за кој е предвидена глоба.

Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст“, предвидуваат законските одредби.