Мртов скакулец пронајден под бојата на слика на Ван Гог

Реставраторка на слики нашла мал инсект потопен под бојата, додека ја разгледувал „Маслинови дрвја“ на Винсент Ван Гог со микроскоп.

Кураторите на Нелсон-Аткинс музејот на уметност во Канзас Сити велат дека го откриле скакулецот во една од најзначајните слики кои ги имаат, „Маслинови дрвја“ на Ван Гог, додека се скенирала како дел од истражување за каталог за колекцијата на француски слики.

Го открила конзерваторката Мери Шафер.

„Гледајќи ја сликата со микроскоп, сретнав минијатурно тело на скакулец потопено во бојата. Веројатно се залепил на бојата во 1889 година“, вели таа.

Додава дека не е чудно што на слика на Ван Гог има инсект, бидејќи често сликал надвор. Смета дека со истражување на скакулецот ќе можат да одредат во кое годишно време е сликата изработена.

Ван Гог ја насликал „Маслинови дрвја“ во 1889 година, годината откако си го исекол сопственото уво за точно да го наслика. Кратко потоа се пријави во санаториумот во Сен Реми де Прованс. Историчарите претпоставуваат дека „Маслинови дрвја“ е насликана токму таму, што доколку се покаже точно, ќе ја зголеми нејзината вредност.