„Mr. Ziggy And The GlassSpiders“, трибјут бендот за Дејвид Боуви ќе настапи во Скопје

Во малата сала на ВИП Арената – Борис Трајковски, ќе се одржи концертот на „Mr. Ziggy And The GlassSpiders“, трибјут бендот за легендарниот Дејвид Боуви. Концертот е најавен на 31 март,во 20 часот, а че започне со едночасовната проекција на документарниот филм за Дејвид Боуви.

Бендот постои од 1991 г. и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 се наградени како „Најдобар трибјут бенд во Рим“. „Mr. Ziggy And The Glass Spiders“ изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Дејвид Боуви и за два и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие, големиот Дејвид Боуви

На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со „Mr. Ziggy And The GlassSpiders“ ќе ги отпејат безвременските дуети на Дејвид Боуви кои ги отпеја заедно со, Queen, Tina Turner и Mick Jagger. Нумерите: Under Pressure, Tonight и Dancing in the Street.

Влезниците во претпродажба за концертот ќе бидат пуштени во вторник 6 март, по цена од 350 денари. Од 19 март, цената на влезниците ќе чини 400 денари, а на самиот ден на концертот се 500 денари.