Movies that Matter – документарен филмски фестивал ги слави човековите права

Од 11-16 декември, Младинскиот образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, го организира фестивалот Movies that Matter (Филмови кои значат). Во период од пет дена, во четири градови во Македонија ќе се одржат филмски проекции на документарни филмови и дискусии за темите од човекови права кои филмовите ги разработуваат.
Трите филмови селектирани на фестивалот се Who’s Gonna Love Me Now, What Tomorrow Brings и Tickling Giants.

Следејќи ги подемите и падовите кои дошле со неговата новопронајдена слобода, Саар открил алтернативно семејство со Хорот на геј мажи на Лондон. После 19 години, Саар контактира со неговото конзервативно семејство од Израел, во обид да се смири со нив. Who’s Gonna Love Me Now им донесе неколку награди од публиката на браќата Хејман, вклучително и наградата на Берлинскиот Филмски Фестивал и Интернационалниот Филмски Фестивал во Краков. Филмот е весело искуство кое го слави триумфот на љубовта над омразата и разбирањето над незнаењето.

What Tomorrow Brings, пак, навлегува внатре во првото женско училиште во мало авганистанско село. Никогаш порано татковците не им дозволувале на своите ќерки да се образоваат, а сега талибанците им се закануваат со насилство. Од отворањето на училиштето во 2009 година, до првиот клас кој завршил образование во 2015, филмот ги следи испреплетените приказни на ученичките, наставниците, старците во селото, родителите и основачот на училиштето, Разиа Јан. Додека девојчињата учат да читаат и пишуваат, нивното образование се протега подалеку од училниците, додека ги откриваат разликите меѓу животот во кој биле родени и животите кои сонуваат да ги водат.

Tickling Giants ја раскажува приказната на Басем Јусеф, кој го нарекуваат „египетскиот Џон Стјуарт“. Сред египетската Арапска пролет, Басем носи одлука која е кошмар на секоја мајка: ја напушта својата работа како успешен кардиохирург, за да стане комичар. Басем ја создава најгледаната телевизиска програма во Блискиот исток. Има 30 милиони прегледи на епизода. The Daily Show на Џон Стјуарт, за споредба, има 2 милиони. Во земја во која слободата на говор не е заштитена со закон, Басем смислува креативни начини без насилство да ги исмева злоупотребите на моќ. Претрпува закани за физичко насилство, протести и тужби, само поради неговите шеги. Номиниран е за најдобар долгометражен документарен филм на Трибека Филмскиот Фестивал во 2016 година.

После секоја од проекциите на филмовите, ќе следува дискусија со познати новинари, активисти, претставници на институциите и невладините организации, чија работа е насочена кон подобрување на човековите права.
Влезот на сите настани е бесплатен.

Програма на фестивалот:
Битола – 11.12.2017 / 19:00 ч / Мала сала во НУ Центар за култура – Битола
Филм: Who’s Gonna Love Me Now?
режија:Барак Хејман и Томер Хејман, Израел/Велика Британија

Велес – 12.12.2017 / 19:00 ч / Ликовен салон
Филм: Tickling Giants,
режија: Сара Такслер, САД

Скопје – 13.12.2017 / 19:00 ч / Кино Култура
19:00 ч What Tomorrow Brings
режија Бет Марфи, Авганистан/САД
20:30 ч Дискусија
21:30 ч Who’s Gonna Love Me Now?
режија: Барак Хејман и Томар Хејман, Израел/Велика Британија

Тетово – 14.12.2017 / 19:00 ч / Лоја
What Tomorrow Brings
режија: Бет Марфи, Авганистан/САД

Скопје – МОФ – 16.12.2017 / 20:00 ч / Младински образовен форум
Филм: Tickling Giants,
режија: Сара Такслер, САД