„Морчиба“ на 22 јуни ќе настапат во Скопје

Легендарниот трип-хоп бенд „Морчиба“ ќе настапи на вториот фестивалски ден на „Скопје колинг“, на 22 јуни, најави „Авалон“.

„Морчиба“ доаѓаат во Скопје на голема сцена, да ги испорачаат сите свои песни од претходните албуми, како и песните од новиот албум „Blaze Away“ кој треба да излезе во продажба од 1 јуни.

Бендот од своето постоење од 1995 година има продадено повеќе од 10 милиони примероци од своите албуми, а познати се и по глобалните хитови „Enjoy the ride“, „Rome wasn’t built in a day“, „Triger Hippie“…

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда, по цена од 1000 и 1500 денари.